Левамизолот е синтетички антихелминтик со активност против широк спектар на гастроинтестинални црви и против белодробни црви.Левамизолот предизвикува зголемување на аксијалниот мускулен тон проследен со парализа на црви.
Профилакса и третман на гастроинтестинални и белодробни инфекции како што се:
Телиња, говеда, кози, овци: Bunostomum, Chabertia, Cooperia, Dictyocaulus, Haemonchus, Nematodirus, Ostertagia, Protostrongylus и Trichostrongylus spp.
Свињи: Ascaris suum, Hyostrongylus rubidus, Metastrongylus
elongatus, Oesophagostomum spp.и Trichuris suis.
Администрација на животни со нарушена функција на црниот дроб.
Истовремена администрација на пирантел, морантел или органо-фосфати.
Предозирањето може да предизвика колики, кашлање, прекумерна саливација, возбуда, хиперпнеа, лахримација, грчеви, потење и повраќање.
За интрамускулна администрација:
Општо: 1 ml на 20 kg телесна тежина.
- За месо:
Свињи: 28 дена.
Кози и овци: 18 дена.
Телиња и говеда: 14 дена.
- За млеко: 4 дена.
Да се чува на температура под 25ºC, на ладно и суво место и да се заштити од светлина.