Левамизолот е синтетички антихелминтик со активност против широк спектар на гастроинтестинални црви и против белодробни црви.Левамизолот предизвикува зголемување на аксијалниот мускулен тон проследен со парализа на црви.
Профилакса и третман на гастроинтестинални и белодробни инфекции со црви кај говеда, телиња, овци, кози, живина и свињи како:
Говеда, телиња, овци и кози: Bunostomum, Chabertia, Cooperia, Dictyocaulus,
Haemonchus, Nematodirus, Ostertagia, Protostrongylus и Trichostrongylus spp.
Живина: Ascaridia и Capillaria spp.
Свињи: Ascaris suum, Hyostrongylus rubidus, Metastrongylus elongatus,
Oesophagostomum spp.и Trichuris suis.
Администрација на животни со нарушена функција на црниот дроб.
Истовремена администрација на пирантел, морантел или органо-фосфати.
Предозирањето може да предизвика колики, кашлање, прекумерна саливација, возбуда, хиперпнеа, лахримација, грчеви, потење и повраќање.
За орална администрација:
Говеда, телиња, овци и кози: 7,5 грама на 100 kg телесна тежина за 1 ден.
Живина и свињи: 1 кг на 1000 литри вода за пиење за 1 ден.
За месо: 10 дена.
За млеко: 4 дена.
Да се чува на температура под 25ºC, на ладно и суво место и да се заштити од светлина.