Цефтиофурот е полусинтетски цефалоспорински антибиотик од трета генерација со широк спектар на дејство, кој се администрира кај говеда и свињи за контрола на бактериски инфекции на респираторниот тракт, со дополнително дејство против гниење на стапалата и акутен метритис кај говедата. Има широк спектар на дејство против грам-позитивни и грам-негативни бактерии. Своето антибактериско дејство го врши преку инхибиција на синтезата на клеточниот ѕид. Цефтиофурот главно се излачува во урината и фецесот.
Говеда: Маслената суспензија Цефтионел-50 е индицирана за третман на следниве бактериски заболувања: респираторни заболувања кај говедата (BRD, треска за превоз, пневмонија) поврзани со Mannheimia haemolytica, Pasteurella multocida и Histophilus somni (Haemophilus somnus); акутна интердигитална некробацилоза кај говедата (гниење на стапалата, пододерматитис) поврзана со Fusobacterium necrophorum и Bacteroides melaninogenicus; акутен метритис (0 до 10 дена по породувањето) поврзан со бактериски организми како што се E.coli, Arcanobacterium pyogenes и Fusobacterium necrophorum.
Свињи: Маслената суспензија Цефтионел-50 е индицирана за третман/контрола на бактериска респираторна болест кај свињите (свинска бактериска пневмонија) поврзана со Actinobacillus (Haemophilus) pleuropneumoniae, Pasteurella multocida, Salmonella choleresuis и Streptococcus suis.
Преосетливост кон цефалоспорини и други β-лактамски антибиотици.
Администрација кај животни со сериозно нарушена бубрежна функција.
Истовремена употреба на тетрациклини, хлорамфеникол, макролиди и линкозамиди.
Повремено на местото на инјектирање може да се појават благи реакции на преосетливост, кои исчезнуваат без понатамошен третман.
Говеда:
Бактериски респираторни инфекции: 1 ml на 50 kg телесна тежина во тек на 3-5 дена, субкутано.
Акутна интердигитална некробацилоза: 1 ml на 50 kg телесна тежина во тек на 3 дена, субкутано.
Акутен метрититис (0 - 10 дена по породувањето): 1 ml на 50 kg телесна тежина во тек на 5 дена, субкутано.
Свињи: Бактериски респираторни инфекции: 1 ml на 16 kg телесна тежина во тек на 3 дена, интрамускулно.
Добро протресете пред употреба и не давајте повеќе од 15 ml кај говеда по место на инјектирање и не повеќе од 10 ml кај свињи. Последователните инјекции треба да се даваат на различни места.
За месо: 21 ден.
За млеко: 3 дена.
Да се чува на температура под 25ºC, на ладно и суво место, заштитено од светлина.