Доксициклинот припаѓа на групата тетрациклини и делува бактериостатски против многу грам-позитивни и гран-негативни бактерии како што се Bordetella, Campylobacter, E.coli, Haemophilus, Pasteurella, Salmonella, Staphylococcus и Streptococcus spp. Доксициклинот е исто така активен против Chlamydia, Mycoplasma и Rickettsia spp. Дејството на доксициклинот се базира на инхибиција на синтезата на бактериски протеини. Доксициклинот има голем афинитет кон белите дробови и затоа е особено корисен за третман на бактериски респираторни инфекции.
Кокошки (бројлери):
Превенција и третман на хронични респираторни заболувања (ХРБ) и микоплазмоза предизвикани од микроорганизми чувствителни на доксициклин.
Свињи:
Превенција на клиничка респираторна болест предизвикана од Pasteurella multocida и Mycoplasma hyopneumoniae чувствителни на доксициклин.
Присуството на болеста во стадото треба да се утврди пред третманот.
За орална употреба. Кокошки (бројлери): 11,5 – 23 mg доксициклин хиклат/kg телесна тежина/ден, што одговара на 0,1 – 0,2 ml Доксисол Орал на kg телесна тежина, во тек на 3-5 последователни дена. Свињи: 11,5 mg доксициклин хиклат/kg телесна тежина/ден, што одговара на 0,1 ml Доксисол Орал на kg телесна тежина, во тек на 5 последователни дена.
Може да се појават алергиски реакции и реакции на фотосензитивност. Цревната флора може да биде засегната ако третманот е многу продолжен, а тоа може да резултира со дигестивни нарушувања.
- За месо и изнутрици:
Кокошки (бројлери): 7 дена
Свињи: 7 дена
- Јајца: Не е дозволено за употреба кај птици несилки кои произведуваат јајца за човечка исхрана.
Да се чува на температура под 25ºC, на ладно и суво место, заштитено од светлина.