Гастроинтестинални и респираторни инфекции предизвикани од микроорганизми чувствителни на тилозин и доксициклин, како што се Bordetella, Campylobacter, Chlamydia, E. coli, Haemophilus, Mycoplasma, Pasteurella, Rickettsia, Salmonella, Staphylococcus, Streptococcus и Treponema spp. кај телиња, кози, живина, овци и свињи.
За орална администрација.
Телиња, кози и овци: Двапати дневно, 5 g на 100 kg телесна тежина во тек на 3-5 дена.
Потребната количина од препаратот се раствора во вода за пиење или во замена и се администрира преку шише или се меша со мала количина храна, двапати на ден.
Живина и свињи: 1 кг на 1000-2000 литри вода за пиење во тек на 3-5 дена.
Свеж раствор се подготвува секојдневно. Во текот на целиот период на третман, на младите животни и живината треба да им се дава само вода што го содржи препаратот.
Забелешка: Само за телиња, кози, овци и јариња пред преживари.
Преосетливост кон тетрациклини и/или тилозин.
Администрација кај животни со сериозно нарушена функција на црниот дроб. Истовремена администрација на пеницилини, цефалоспорини, хинолони и циклосерин.
Администрација кај животни со активно микробно варење.
За месо:
Телиња, кози и овци: 14 дена.
Свињи: 8 дена.
Живина: 7 дена.
Не е наменето за употреба кај животни од кои се произведува млеко или јајца за човечка исхрана.
Да се чува на температура под 30°C, на суво место и заштитено од светлина.