Гентамицин спаѓа во групата на аминогликозиди и делува бактерицидно против главно грам-негативни бактерии како E. coli, Klebsiella, Pasteurella и Salmonella spp.Бактерицидното дејство се заснова на инхибиција на синтезата на бактериски протеини.
Гастроинтестинални и респираторни инфекции предизвикани од бактерии чувствителни на гентамицин, како E. coli, Klebsiella, Pasteurella и Salmonella spp.кај телињата, говедата, козите, овците и свињите.
Преосетливост на гентамицин.
Администрација на животни со сериозно нарушена функција на црниот дроб и/или бубрезите.
Истовремена администрација на нефротоксични супстанции.
Реакции на преосетливост.
Високата и продолжена примена може да резултира со невротоксичност, ототоксичност или нефротоксичност.
За интрамускулна администрација:
Општо: Двапати дневно 1 ml на 8 - 16 kg телесна тежина во тек на 3 дена.
За бубрези: 45 дена.
За месо: 7 дена.
За млеко: 3 дена.
Да се чува на температура под 25ºC, на ладно и суво место и да се заштити од светлина.