Левамизолот и оксиклозанидот делуваат против широк спектар на гастроинтестинални црви и против белодробни црви. Левамизолот предизвикува зголемување на аксијалниот мускулен тонус проследено со парализа на црвите. Оксиклозанидот е салициланилид и делува против трематоди, крвопијни нематоди и ларви на Hypoderma и Oestrus spp.
Профилакса и третман на гастроинтестинални и белодробни глисти кај говеда, телиња, овци и кози како Trichostrongylus, Cooperia, Ostertagia, Haemonchus, Nematodirus, Chabertia, Bunostomum, Dictyocaulus и Fasciola (liverfluke) spp.
Администрација кај животни со нарушена функција на црниот дроб.
Истовремена администрација на пирантил, морантел или органофосфати.
За орална администрација.
Говеда, телиња: 2,5 мл на 10 кг телесна тежина.
Овци и кози: 1 мл на 4 кг телесна тежина.
Добро протресете пред употреба.
Предозирањето може да предизвика возбуда, солзење, потење, прекумерна саливација, кашлање, хиперпнеа, повраќање, колики и спазми.
Да се чува на температура под 25ºC, на ладно и суво место, заштитено од светлина.