За третман на широк спектар на бактериски заболувања кај говеда, свињи, коњи, овци, кучиња и мачки.
Добро протресете пред употреба.
Интрамускулно - 1 ml од препаратот на 20 kg телесна тежина еднаш дневно во тек на 3-5 дена.
Производот не треба да се дава на зајаци, заморчиња, хрчаци или гербили. Се препорачува претпазливост при употреба кај други многу мали тревопасни животни.
Дијареа, повраќање и потење ретко може да се појават по администрација на производот.
Реакции на преосетливост.
Локални ткивни реакции.
Месо: 42 дена.
Млеко: 60 часа.
Да се чува на температура под 30°C. Да се заштити од светлина.