Индициран е за кокцидиоза предизвикана од кокцидии осетливи на ампролиум (Eimeria spp.) или гастроинтестинални инфекции за кои е терапевтски или профилактички индицирано да се администрира ампролиум, кај телиња, кози, овци и живина.
За орална администрација:
Телиња, овци и кози:
Превентивно: 1 грам на 60 кг телесна тежина преку вода или млеко во тек на 21 ден.
Куративно: 1 грам на 30 кг телесна тежина преку вода или млеко во тек на 5 дена.
Живина:
Превентивно: 1 кг (100 г) на 5000 (500) литри вода за пиење во тек на 1-2 недели.
Куративен ефект: 1 кг (100 г) на 1250 - 2500 (125 - 250) литри вода за пиење во тек на 5 - 7 дена.
Забелешка:
Производот секојдневно со свежа вода.
Не е наменето за кокошки кои произведуваат јајца за човечка исхрана.
Во тешки случаи, куративната терапија може да биде проследена со превентивна терапија.
- За месо:
Телиња, овци и кози: 3 дена.
Живина: 3 дена.
Да се чува на температура под 30°C, на суво место и заштитено од светлина.