Артритис, маститис и инфекции на гастроинтестиналниот, респираторниот и уринарниот тракт предизвикани од микроорганизми чувствителни на пеницилин и дихидрострептомицин, како што се Campylobacter, Clostridium, Corynebacterium, E. coli, Erysipelothrix, Haemophilus, Klebsiella, Listeria, Pasteurella, Salmonella, Staphylococcus и Streptococcus spp., кај говеда, коњи, кози, овци и свињи.
За интрамускулна администрација:
Говеда и коњи: 1 мл на 20 кг телесна тежина во тек на 3 дена.
Телиња, кози, овци и свињи: 1 ml на 10 kg телесна тежина во тек на 3 дена.
Добро протресете пред употреба и не администрирајте повеќе од 20 ml кај говеда и коњи, повеќе од 10 ml кај свињи и повеќе од 5 ml кај телиња, овци и кози по место на инјектирање.
Преосетливост кон пеницилини, прокаин и/или аминогликозиди.
Администрација кај животни со сериозно нарушена бубрежна функција.
Истовремена употреба на тетрациклини, хлорамфеникол, макролиди и линкозамиди.
Администрацијата на терапевтски дози на пеницилин G прокаин може да резултира со абортус кај маториците.
Ототоксичност, невротоксичност или нефротоксичност.
Реакции на преосетливост.
За бубрези: 45 дена.
За месо: 21 ден.
За млеко: 3 дена.
ЗАБЕЛЕШКА: Не треба да се користи кај коњи наменети за човечка исхрана. Третираните коњи никогаш не смеат да се колат за човечка исхрана. Коњот мора да биде деклариран како коњ кој не е наменет за човечка исхрана согласно националното законодавство за пасоши за коњи.
Да се чува на температура под 30°C. Да се заштити од светлина.