Комбинацијата на триметоприм и сулфаметоксазол делува синергично и обично бактерицидно против многу грам-позитивни и грам-негативни бактерии како E. coli, Haemophilus, Pasteurella, Salmonella, Staphylococcus и Streptococcus spp.Двете соединенија влијаат на синтезата на бактериските пурини на различен начин, како резултат на што се постигнува двојна блокада.
Гастроинтестинални, респираторни и уринарни инфекции предизвикани од бактерии чувствителни на триметоприм и сулфаметоксазол како E. coli, Haemophilus, Pasteurella, Salmonella, Staphylococcus и Streptococcus spp.кај телињата, говедата, козите, овците и свињите.
Преосетливост на триметоприм и/или сулфонамиди.
Администрација на животни со сериозно нарушена бубрежна и/или хепатална функција или со крвна дискразија.
Анемија, леукопенија и тромбоцитопенија.
За интрамускулна администрација: Општо: Двапати дневно 1 ml на 10-20 kg телесна тежина во тек на 3-5 дена.
- За месо: 12 дена.
- За млеко: 4 дена.
Да се чува на температура под 25ºC, на ладно и суво место и да се заштити од светлина.