Третман на заболувања на дигестивниот тракт, респираторниот и урогениталниот систем и компликации од вирусни заболувања, постоперативни и посттрауматски инфекции предизвикани од микроорганизми осетливи на триметоприм и сулфадимидин кај говеда (телиња), овци (јагниња), кози (јариња), свињи, коњи.
Со орална администрација.
1 болус / 40 кг телесна тежина на ден.
Третманот треба да продолжи уште 2 дена по исчезнувањето на симптомите, но не повеќе од пет дена.
Не администрирајте кај преживари со функционален румен.
Не употребувајте во случај на преосетливост кон активните супстанции или кон било кој од ексципиенсите.
Не употребувајте кај животни со нарушена функција на црниот дроб и бубрезите, како и во случај на крвна дискразија.
Реакции на преосетливост.
Кристалурија.
Може да се појават гадење, повраќање и гастроинтестинални нарушувања.
Месо: 20 дена.
Да не се користи кај животни кои произведуваат млеко наменето за човечка исхрана.
Да се чува под 30℃. На суво место и заштитено од светлина.