Гастроинтестинални и респираторни инфекции предизвикани од бактерии чувствителни на окситетрациклин, како што се Bordetella, Bacillus, Coryebacterium, Campylobacter, E.coli, Haemophilus, Pasteurella Salmonella, Staphylococcus и Streptococcus spp. и Mycoplasma, Rickettsia и Chlamydia spp кај телиња, овци, кози, свињи, кокошки и мисирки пред преживари.
За орална употреба со вода за пиење.
Телиња, кози и овци: 20 mg окситетрациклин хидрохлорид на 1 kg телесна тежина на ден, т.е. 400 mg прашок преку вода за пиење на 10 kg телесна тежина во тек на 3-5 дена.
Само за телиња, јагниња и јариња пред преживари.
Кокошки, мисирки и свињи: 20 mg окситетрациклин хидрохлорид на kg телесна тежина на ден, т.е. 400 mg прашок во 1 L вода за пиење во тек на 3-5 дена.
За да се обезбеди точна доза, телесната тежина треба да се одреди што е можно попрецизно.
Консумирањето зависи од физиолошката и клиничката состојба на животните. Нивоата на окситетрациклин хидрохлорид треба соодветно да се прилагодат за да им се обезбеди на животните точна доза.
Не употребувајте во случај на преосетливост на тетрациклини.
Не го употребувајте кај животни со сериозно нарушена хепатална и/или бубрежна функција и кај животни со гастроинтестинална хипомотилност.
Не администрирајте со пеницилини, цефалоспорини, хинолони и циклосерин.
Не администрирајте кај животни со активен микробиолошки дигестивен систем (зајаци, заморчиња, хрчаци, чиншили или други мали тревојади животни).
Промена на бојата на забите кај млади животни.
Може да се појават реакции на преосетливост.
Месо и изнутрици:
Телиња, кози, овци и свињи: 8 дена.
Кокошки: 6 дена.
Мисирки: 9 дена.
Не е наменето за употреба кај птици кои произведуваат или се наменети да произведуваат јајца за човечка исхрана.
Да се чува на температура под 30°C, на суво место и заштитено од светлина.