Хиповитаминоза и авитаминоза Ц (скорбут), хеморагична дијатеза од различна етиологија, супортивна терапија во третман на заразни и инфективни заболувања, реконвалесценција, труење (со бактериски токсини, алиментарни), јатрогено труење (со соединенија на арсен, сулфонамиди, барбитурати итн.), функционален стерилитет предизвикан од авитаминоза Ц, третман на стрес, во случај на примарна и секундарна анемија.
Не употребувајте во случаи на преосетливост кон макролидни антибиотици или кон било која од ексципиенсите.
Не користете истовремено со други макролиди или линкозамиди.
Производот треба да се администрира како интрамускулна, поткожна или бавна интравенска инјекција.
Треба да се администрира еднаш дневно во дози од 10-20 ml кај коњи и говеда; 5-10 ml кај свињи; и 1-5 ml кај кучиња.
Третманот трае неколку дена, во зависност од проценката на ветеринарот.
Нула (0) дена.
Да се чува на температура под 30°C, на суво место и заштитено од светлина.